27.8 C
Skopje
Monday, July 28, 2025

Градоначалникот Димчо Атанасовски ја става Македонска Каменица на европската мапа – Збратимување со Рикалдоне, Италија

🤝 Денеска во просториите на Општина Рикалдоне, заедно со градоначалничката Laura Graziella Bruna, во име на Општина Македонска Каменица потпишав Меморандум за соработка, со кој двете општини официјално добија статус на збратимени општини 🇲🇰 🇮🇹

📜 Со овој значаен документ отвораме ново поглавје на пријателство и партнерство, создавајќи можности за соработка во областите на образованието, културата, туризмот, заштитата на природните богатства и меѓународното поврзување.

🔗 Преку размена на искуства и заеднички проекти, ќе придонесеме кон подобар животен стандард и развој за граѓаните на двете општини. Овој чекор е резултат на заедничката визија за европска иднина, развој на човечкиот потенцијал и одржлив локален напредок.

🇲🇰 Посебно значење ова збратимување има за нашата македонска дијаспора во Италија, која претставува силна алка во ова партнерство. Упатувам искрена благодарност до Македонското здружение „Заедно – Insieme“ во Рикалдоне и до сите наши Македонци кои со децении живеат и работат во италијанската област Пиемонт и пошироко.

🇲🇰 Верувам дека денешниот чин е темел на едно долго, искрено и плодотворно пријателство 🇲🇰 🇮🇹

#Збратимување #МакедонскаКаменица #Ricaldone #Соработка #Дијаспора #ЕвропскаИднина #Пријателство #Македонија #Македонци #Татковина Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски – Градоначалник на Општина Македонска Каменица

поврзани објави

     

Последни објави