27.8 C
Skopje
Monday, July 28, 2025

Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Денеска сме во Крива Паланка, разговараме со граѓаните за сите проблеми, нереализирани проекти, и сите лажни ветувања коишто ги добиваа годиниве наназад, изјави денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Безидејноста на градоначалникот и локалната самоуправа води до таму да што во изминатите три години се реализирани капитални инвестиции од само 3 милиони евра, во последната година со централна власт од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата обезбедени се 3,3 милиони евра само за Крива Паланка и тоа 800 илјади евра од првиот повик за општините, и уште 2 ипол милиони од вториот повик за општините.

Со тоа покажуваме и докажуваме дека не се сите исти. Дека ВМРО-ДПМНЕ и централната власт на чело со премиерот Христијан Мицкоски, размислува за сите општини, за сите граѓани подеднакво.

На Крива Паланка и се потребни промени, на Крива Паланка и е потребно ново раководство на чело со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, порача Мицевски.

поврзани објави

     

Последни објави