32.8 C
Skopje
Monday, July 28, 2025

Ангелов оди не чекор, туку километар напред – конечно систем, а не импровизација во борбата со пожарите

Ангелов оди не чекор, туку километар напред – конечно систем, а не импровизација во борбата со пожарите

Во држава каде што често се реагира доцна, без визија и без стратегија, иницијативата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, претставува ретко позитивен пример на проактивност и државнички пристап.

Со јавниот повик за пријавување на лица кои ќе се вклучат во превенција, обука и евентуално активно гасење на пожари, Ангелов покажува дека не чека да избувне катастрофа за да делува, туку гради систем пред да се појави проблемот.

И покрај тоа што одѕивот не беше идеален – особено во Скопје – сепак, бројката од речиси 500 пријавени кандидати покажува дека довербата во институциите, кога тие покажат сериозен пристап, сè уште постои.

Особено охрабрувачки е фактот што ќе има селекција и обука, а не формално пополнување бројки. Најдобрите ќе добијат можност за работа во професионални единици, а со најавата за специјална противпожарна единица со подобри плати и стандарди, се поставува темел за ново ниво на безбедносна и спасувачка култура во Македонија.

Овој потег е повеќе од административна обврска. Тој е јасна порака дека и во македонските институции може да се создаде стратегија, визија и систем, кога има волја и лидерство.

Со ова, Ангелов не оди чекор напред. Тој оди километар напред. А тоа, конечно, е добредојдено.

поврзани објави

     

Последни објави