Почитувани сограѓани,
Во текот на синоќешните часови, во мојот кабинет беше одржан состанок на Општинскиот кризен штаб, на кој беа утврдени оперативните насоки за утринско делување на терен.
До Центарот за управување со кризи беше упатено барање за воздушна поддршка, лесна механизација и вклучување на припадници на Армијата.
Гасењето започна во раните утрински часови, при што пожарот делумно е ставен под контрола на повеќето критични точки кај маалата Горанци и Караџевци во село Косевица и на критичните точки во село Моштица.
Во денешната акција се вклучени 30 припадници на Армијата на Република Македонија, ТППЕ Македонска Каменица, вработени од Национални шуми, ЈП „Камена Река“, Полициското одделение, Шумската и Граничната полиција, во координација со РЦУК – Делчево.
Екипите остануваат на терен сè до целосно неутрализирање на пожарот.
Со почит,
Димчо Атанасовски – Градоначалник на Општина Македонска Каменица