ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДИМЧО АТАНАСОВСКИ
Како Градоначалник и одговорен на Општинскиот кризен штаб на Општина Македонска Каменица, упатувам најискрена благодарност до сите институции, доброволци, компании и поединци кои беа дел од заедничката акција за гаснење на шумскиот пожар што изминатите три дена ја зафати територијата на селата Косевица и Моштица.
Посебна благодарност упатувам до:
•Пожарникарите од Територијалните противпожарни единици од Македонска Каменица, Кочани, Виница и Делчево
•ЈП „Национални шуми“
•Армијата на Република Македонија
•Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија
•Регионалниот центар за управување со кризи – Делчево
•ЈП Камена Река Македонска Каменица
•Доброволните противпожарни друштва од Македонска Каменица, Кочани, Виница и Пехчево;
•Шумската и Граничната полиција Македонска Каменица
•Рударите од “Четата за спасување” при Рудникот САСА
и локалното население, членовите на Општинскиот кризен штаб на Македонска Каменица, како и сите сограѓани кои несебично се вклучија и придонесоа во справувањето со огнената стихија.
Вашата пожртвуваност, координираност и ангажираност беа клучни за успешната и навремена неутрализација на пожарот.
Исто така, изразувам искрена благодарност и до општествено одговорните компании кои се вклучија во обезбедувањето на логистичка поддршка, храна и вода за екипите на терен:
•Сендвичара „Џафер“
•Ресторан „Шизик“
•МО-ТО Македонска Каменица
•Бутик „Падрини“
•ГП „Коле Транс“
•ЖИТО Маркети
•Симпли Трејд
•Де Пласт Монт
•Фаст Констракшн
•Нико Стил
•Го Пласт
•Тони Серафимовски од село Саса
и сите останати одговорни компании и поединци кои несебично помагаа во измиматите денови.
Голема благодарност и до Здружението на граѓани „Валхала Фин“ од Македонска Каменица, кои самоиницијативно поставија пункт во центарот на градот и преку социјалните мрежи упатија повик за донации, како и до сите граѓани кои несебично се одзваа и се вклучија во акцијата.
Особена благодарност до нашиот сограѓанин Андреј Ѓорѓиевски од „IllusoXR“, кој со користење на дрон обезбеди клучни визуелни податоци за движењето на пожарот – информации што значително помогнаа во неговото локализирање и гасење.
Драги сограѓани, изминатите денови уште еднаш покажавме дека заедништвото, солидарноста и грижата за нашата заедница се вредности што нè прават одговорни и посилни.
Со почит,
Ваш градоначалник
Димчо Атанасовски