Наскоро нов Центар за услуги и во Делчево!
➡️ Заедно со советникот од Советот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој ја поттикна оваа нова иницијатива, извршив увид во реконструкцијата на објектот што ќе биде нов Центар за услуги.
Овие простории ќе бидат на располагање на сите граѓани на Делчево и околината кои ќе имаат потреба од некоја од услугите на uslugi.gov.mk, да извадат документ или да го надградат својот профил и да добијат информација.
На овој начин го олеснуваме животот на граѓаните – ако порано беше потребно да патуваат до Скопје, сега истото ќе може да го добијат и во Делчево.
🔜Со огромна чест, сакам да најавам дека до крајот на летото очекувам нови канцеларии за услуги во Свети Николе и Неготино.