8.8 C
Skopje
недела, октомври 5, 2025

Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“

Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов се наоѓаме во ловиштето Јасен каде што веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија овде.
Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина има огромни јазици на пламен, дејствуваат и воздухопловите, дејствуваат и Ер тракторите заедно со хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, иако морам да кажам дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска останатиот дел од територијата е целосно под контрола, немаме активни пожари, иако ситуацијата се менува од минута во минута.
Огромна благодарност до сите оние храбри луѓе кои се борат со оваа огнена стихија и која што ја ставаат под целосна контрола.

поврзани објави

         

Последни објави