2.8 C
Skopje
недела, октомври 5, 2025

Еди Рама најави „дигитален министер“ управуван од вештачка интелигенција

Еди Рама најави „дигитален министер“ управуван од вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама изненади со идеја за министерство целосно управувано од вештачка интелигенција, оценувајќи ја технологијата како „најефикасен иден член на владата“, имун на непотизам и судир на интереси.

Албанија веќе користи алгоритми за следење на јавни набавки, откривање даночни и царински аномалии, како и дронови и сателити за борба против нелегална градба и канабис-плантажи. Во план е и технологија за препознавање лица за автоматско казнување сообраќајни прекршоци.

Преку порталот е-Албанија, 95% од услугите се достапни онлајн со помош на виртуелен асистент. Рама најави и целосно укинување на кешот до 2030 година, заменувајќи го со дигитални плаќања.

поврзани објави

         

Последни објави