2.8 C
Skopje
недела, октомври 5, 2025

„Од училишниот двор до градската фотелја – дали Андов е надежта на Кочани?“

Александар Андов – новото лице за Кочани?

Дали Александар Андов, актуелен директор на ООУ „Никола Карев“ во Кочани, е еден од најсериозните кандидати за градоначалник кој може да го врати сјајот и надежта во градот? Прашањето веќе се отвора меѓу кочанчани, кои сè почесто го гледаат како потенцијален предводник во наредниот период.

Андов важи за човек со визија и енергија, што се потврдува преку бројните активности реализирани во неговото училиште. Под негово водство, училиштето стана препознатливо по креативни проекти како магично кино на отворено, „зумба“ и фитнес во училишниот двор – настани кои ја враќаат дружбата и позитивниот дух кај младите. Со тоа, не само што се подобруваат условите за учениците, туку се создава и една нова динамика во општествениот живот на градот.

Голем љубител на спортот, Андов е и претседател на Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани. Неговата посветеност кон спортот се гледа и во училиштето, каде што се вложува во проекти кои ја потенцираат важноста од физичка активност и здрав живот.

Според неофицијални извори, токму тој се смета за еден од најсериозните кадри што може да ја преземе одговорноста за градот во овој ранлив период. Прашањето е дали Кочани конечно ќе добие млад лидер кој ќе го насочи градот кон стабилност и развој.

Одговорот, сепак, ќе зависи од одлуката на централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ – дали ќе му ја довери шансата на Андов да ја води општината и да ги оправда очекувањата на своите сограѓани.

поврзани објави

         

Последни објави