12.8 C
Skopje
четврток, ноември 20, 2025

Изградбата на новиот пешачки мост на Каменичка Река, во близина на Градскиот пазар, е во завршна фаза

Изградбата на новиот пешачки мост на Каменичка Река, во близина на Градскиот пазар, е во завршна фаза.

Во моментов се врши поставување на украсен камен за мостот да добие идентичен изглед со останатите пешачки мостови и патеки на Градскиот кеј на Каменичка Река.

Со реализацијата на овој проект обезбедивме олеснето движење и зголемена мобилност за граѓаните од двете страни на реката, како и подобрен изглед на овој дел од централното градско подрачје.

Веднаш по завршувањето на градежните активности, следува партерно уредување на просторот и поставување на осветлување и урбана опрема.

поврзани објави

Последни објави