Американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со неговиот колега од Кина, Кси Џипинг ја прифатил поканата за посета на Кина.
САД и Кина планираат да ги зајакнат своите меѓусебни односи и да настојуваат Северна Кореја да го напушти системот на нуклеарно оружје, изјави американскиот државен секретар Рекс Тикерсон по средбата меѓу претседателот на Кина Кси Џипинг и американскиот претседател Доналд Трамп.
Средбата помеѓу двата лидери се одржа во резиденцијата на Трамп во Флорида.
Според Тилерсон, Кси и Трамп се сложни околу фактот дека нуклеарната програма на Северна Кореја е закана и ја потврдија својата посветеност во денуклеаризација на поделениот корејски полуостров.
Трамп ја повика Кина да овозможи рамноправен пристап за американските работници и фирми, посочувајќи ја важноста на заштитата на човековите права и почитувањето на меѓународните норми во Јужното кинеско море.