ДАЛИ НАЈМАЛКУ ДВАПАТИ СИ БИЛ ВО БУДИМПЕШТА НА СРЕДБА СО ГРУЕВСКИ? Меџити јавно го праша Османи, чека јавно да му биде одговорено
Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска јавно побара неговиот противкандидат Бујар Османи да одговори дали е вистина дека најмалку двапати бил во Будимпешта на директна посета со Никола Груевски.
Меџити најави дека откако Османи ќе одговори на ова прашање, ќе каже кога било и како било.
– Ќе поставам прашање: дали е вистина дека најмалку двапати бил во директна посета со Груевски? Ќе почекам да видам како ќе одговори, па потоа ќе му кажеме кога било и како било – изјави денеска Меџити пред медиумите.








