16.8 C
Skopje
четврток, ноември 20, 2025

ДЕКЛАРАЦИИТЕ НА СДСМ ДОСЕГА БЕА САМО ХАРТИЈА, немам добиено никаков документ, го очекувам предлогот за црвените линии со ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го добие предлогот за црвени линии во преговорите со ЕУ што го најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за да придонесат и тие за документот.

„Па да го видиме документот, јас тоа велам да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа. Да го видиме документот, да видиме што е тоа што ќе понудат ново.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање како го коментира предлогот на Венко Филипче.

Премиерот Мицкоски додаде дека многу такви декларации предложени од СДСМ се само обично слово на хартија и воопшто не се почитувале.

„Иако мора да кажеме дека во минатото декларациите на СДСМ се декларации коишто на крај завршуваат како обично слово на хартија, воопшто не се почитуваат. Имавме многу такви декларации во минатото како што кажав, но за жал СДСМ сето тоа коешто го декларира апсолутно не го почитуваше кога имаше кревка можност да управува со владата. Така што еве да го видиме тој документ, па да дадеме и ние наш инпут врз основа на тоа што ќе го видиме.“, изјави премиерот Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави