Денеска извршив увид во завршните градежни активности од асфалтирањето на локалниот пат кој води до манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Аџиско маало, село Саса, во должина од 1.630 метри.
Со реализацијата на овој проект обезбедуваме квалитетна и безбедна патна врска за жителите од овој дел на селото, како и за верниците и посетителите на манастирот.
Како градоначалник, останувам посветен на континуирани вложувања во локалната патна мрежа и во инфраструктурата во целина, како основен предуслов за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.
Ваквите проекти се потврда дека посветената работа на локалната самоуправа носи реални резултати и вистински придобивки за сите жители на Општина Македонска Каменица.