8.8 C
Skopje
недела, октомври 5, 2025

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се издига на клоци ако не покрене обвинение

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се „издига на клоци“. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение, објави Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи!

Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката!

Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе“, потенцира во објавата на фејсбук.

поврзани објави

         

Последни објави