20.8 C
Skopje
петок, октомври 10, 2025

Мицкоски: Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата – бродот кој тоне, сите го напуштаат

Вчера овде во Центар беа нашите противници и освен што кажаа дека ќе не направеле салата на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. Вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе не направат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Центар.

-Знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. СДСМ е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која, впрочем, сам си ја прифати и создаде. А товарот кој сам си го впрегна на грбот е негов. Тој, а да не кажам и неговиот гуру струмички, ја управуваат СДСМ. Јасно е дека Венко покрај помошта од неговиот гуру, од другите во раководството воопшто нема. На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој од нивните пратеници во Собранието ниту било кој друг висок функционер затоа што бродот кој тоне, сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај, порача Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДС се нереформирани и се истите тие луѓе кои виткаа кичма и потпишаа капитулација со Бугарија.

„Тие се истите луѓе кои виткаа кичма на секое прашање важно за државата, истите луѓе што потпишаа капитулација каде и да стигнат за пуста власт. И не за џабе токму Венко и неговиот гуру се македонските политичари со највисок рејтинг во Бугарија, затоа што реченицата што еден бугарски политичар ми ја кажа во четири очи, „ас сам платил“, е реченицата што ја објаснува секоја попустливост на Венко и СДСМ во однос на ова прашање. И затоа денеска матат некакви црвени линии кои се убаво запакуван поклон за Бугарија, и затоа не одговараат на просто и едноставно прашање, ако капитулацијата пред нашиот источен сосед бил најдобриот предлог што го штити идентитетот, како што тие тврдеа, тогаш зошто се црвени линии? Јасно е дека црвените линии им требаат за нови отстапки и ново предавство, тие и сите треба да знаат, нема никогаш да дозволам да се случи била каква отстапка додека јас ја имам одговорноста да ја водам Владата а притоа македонскиот народ и Македонија да не добијат реципроцитет“, заклучи Мицкоски.

поврзани објави

         

Последни објави