6.8 C
Skopje
вторник, октомври 14, 2025

Каја Шукова: Чесноста и човечноста ми се водилка, Скопје очекува нови проекти

Додека кампањата за локалните избори е во полн ек и кандидатите ги претставуваат своите програми и проекти, 24инфо.мк во соработка со познатиот водител Марко Новески подготви серија на малку поинакви интервјуа со кандидатите за градоначалници.
Во овие интервјуа, покрај политичките теми, кандидатите одговараат и на лични прашања – која е нивната најголема маана, од што најмногу се плашат и што би биле доколку не се занимаваат со политика.

Прва на овие прашања одговори кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова од редовите на СДСМ.

На прашањето која е нејзината најголема маана, Шукова изјави дека тоа што другите го сметаат за маана, таа го гледа како доблест – секогаш е точна и пристигнува на време, што, како што вели, често им пречи на оние кои доцнат.

Одговарајќи на прашањето што е потешко – да се биде чесен политичар или да се остане човечен во нечовечни околности, Шукова нагласи дека најважно е да се биде искрен и отворен кон луѓето.
„Јас цел живот се однесувам така и ќе продолжам да се однесувам така. Ниту една кариера, функција или политика нема да го промени мојот начин на однесување,“ порача таа.

Во делот посветен на визијата за Скопје, Шукова најави нов луна парк, дигитализација на работата на Градот, мерки против загадувањето, како и хумано и модерно решавање на проблемот со бездомните кучиња.

поврзани објави

         

Последни објави