6.8 C
Skopje
вторник, октомври 14, 2025

Иван Гоцевски: Со јасен план и заедничка акција ќе го направиме Делчево чист и уреден европски град

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски, во изјава за Поглед.мк истакна дека приоритет во неговата програма ќе бидат чистотата и редот во градот, со цел Делчево да стане пример за уредна и функционална општина.

Во изјава за Поглед.мк, кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски, истакна дека паркирањето и нечистотијата се меѓу најголемите предизвици со кои се соочува општината, но дека решението е возможно со јасен план и одговорен пристап.

„Секојдневно гледаме преполни контејнери и запуштени улици, а тоа не е сликата што треба да ја испраќа Делчево. Ќе се посветиме на воспоставување систем кој ќе овозможи редовно собирање отпад, чистење и одржување на јавните површини. Чисти улици и уреден град не се луксуз – тоа е основна потреба и наша обврска,“ изјави Гоцевски.

Тој додаде дека ќе инсистира на заедничка акција меѓу општината и граѓаните, бидејќи само така, како што рече, „Делчево може да заличи на вистински европски град, уреден, зелен и пријатен за живеење.“

поврзани објави

         

Последни објави