15.8 C
Skopje
четврток, октомври 16, 2025

Центар стана градилиште без контрола – децата од ‘Песталоци’ секојдневно ризикуваат! БОГЕСКИ: Ова е урбана Газа во срцето на Скопје!“

ЕВЕ КАКО НА ДЕЛО СЕ САКА ЦЕНТАР!?

👨‍👧‍👦 Како татко, како родител, како центарец – не можам, а да не реагирам на ваквиот башибозук што се случува во Општина Центар.

🎥 Ова се видеа кои кружат на социјалните мрежи – сите снимени денес – и ја прикажуваат голготата што ја поминуваат дечињата буквално на самиот влез од основното училиште „Песталоци“.

🏫 Наместо училиштето да биде поим за безбедност и сигурно место каде што ги оставаме нашите најмили, сведоци сме на тотален хаос, безредие и негрижа.

🚨 До мене стигнуваат реакции од загрижени родители и станари кои секојдневно ги носат своите деца во училиштето и живеат во непосредна близина на градилиштето.

🔧 Од она што го добивам како информација, градежните активности се одвиваат без прекин, без почитување на стандарди и без никаква контрола – од 6 часот наутро, па дури и за време на викендите, кога граѓаните имаат право на мир и одмор.

❓ Па кажете ми – дали е нормално дечиња да поминуваат под камиони и полуобезбедени скелиња?
⚠️ А што ако се случи нешто?

🧍‍♂️ Кој ќе биде одговорен тогаш?

🏛️ Дали градоначалникот, кој секојдневно им продава приказни за безбедност на центарците, ќе ја преземе одговорноста? Или повторно ќе се крие зад прес-конференции и флоскули?

⛔ Три мандати на СДСМ, 12 години власт во Центар – од Буњаковец и Дебар Маало направија урбана Газа во срцето на Скопје.
❌ Нема визија. Нема одговорност. Нема грижа за најмладите.

🗣️ Ова е нешто што не смее да се премолчи!

поврзани објави

         

Последни објави