Денеска извршив увид во изградбата на мостот на Јагодина Река во село Саса, кој ги поврзува маалата Букоравенско, Капетанско и Аризанци.
Со реализацијата на овој проект обезбедуваме поголема безбедност, мобилност и полесна поврзаност на жителите од овие планински делови на нашата општина.
Продолжуваме со конкретни дела за развој на секое село и секое населено место. Работиме за подобри услови за секое семејство, секој дом и за секој граѓанин на Македонска Каменица.