♥️ Почитувана јавност, драги скопјани,
сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија.
📺 Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата.
🤝 Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје.
✔️ Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат.
Со почит,
Орце Ѓорѓиевски.