Јас, Миран Митревски, давам поддршка за Димчо Атанасовски за градоначалник на Општина Македонска Каменица.
Поддршката ја давам искрено, врз основа на добрите искуства и успешната соработка во изминатите години, кога тој ја извршуваше функцијата градоначалник.
Со него, за првпат во нашата општина, реализиравме значајни иницијативи кои оставија траен белег:
1. Потпишување на Колективен договор, со што се подобрија условите за работа и правата на вработените.
2. Остварување на меѓународна соработка преку збратимување на Општина Македонска Каменица со Измир – Турција и Рикалдоне – Италија, како и потпишување на Меморандуми за соработка со двете општини — значаен чекор за отворање на нови можности за културна, економска и туристичка размена.
3. Давање бесплатен деловен простор за отворање на Центар за донација, што овозможи поголема општествена ангажираност и поддршка за лица со атипичен развој и социјално ранливи категории.
4. Поддршка при добивањето на лиценца за негователи на стари лица, со што се унапреди развојот на социјалните услуги во општината.
Врз основа на личното искуство и реализираните резултати, сметам дека Димчо Атанасовски е човек со визија, искрен пристап и волја за работа во интерес на граѓаните на Македонска Каменица.
Со целосна доверба и искрена намера — ја давам мојата поддршка за неговиот избор за градоначалник.