Денешниот празничен ден, дел од актуелните и кандидати за градоначалници во скопските општини покренаа акција и се организираа за собирање на комуналниот смет.
Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во својата објава истакна дека нема да дозволат да се загрози здравјето на граѓаните поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена”
– Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” да се загрози здравјето на нашиот народ. За неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Огромно благодарам до општина Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено одговорните компании кои помогнаа, објави Ѓорѓиевски.