19.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

Два часа за чекање за влез и излез на границата

spot_img

Тие кои решија неработниов ден да го искотростат за шетање или шопинг во Солун ќе поминат отприлика два часа за чекање на влез и излез на граница плус пет саати возење во двата правци, а остатокот од времето што ќе преостане кој како планирал.

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, а на „ГП“ Блаце околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

поврзани објави

         

Последни објави