Обезбедени се шест милиони денари за целосна реконструкција на натпатникот Штип – Чардаклија, проект кој со децении остануваше нерешен. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, истакна дека ова прашање датира уште од 1952 година и дека конечно ќе се стави крај на долгогодишното одложување.
Според Мицевски, средствата се обезбедени директно од државниот буџет, по негова иницијатива и со согласност од Министерството за транспорт и врски, со што реконструкцијата нема да оди преку општината. Како што рече, ова не е само локален проект, туку значаен инфраструктурен зафат за целиот источен регион, бидејќи натпатникот претставува клучен влез во Штип.
„Во момент кога не сообраќаат возовите, треба да направиме достоинствен и безбеден влез од оваа страна во нашиот град“, изјави Мицевски, изразувајќи благодарност до сите пратеници кои го поддржаа проектот.
Со ова, по повеќе од половина век, започнува реализацијата на важен инфраструктурен зафат кој ќе го подобри сообраќајот и безбедноста на граѓаните.








