4.8 C
Skopje
недела, јануари 18, 2026

Гоцевски: Делчево подготвено за достоинствено одбележување на празникот Водици

Водици е празникот на верата, заедништвото и надежта длабоко вкоренет во нашата свест и идентитет. Со цел достоинствено и со почит кон традицијата, се подготвуваме за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици. Тоа е еден од најубавите христијански празници и празник кој го носи значењето на светата тајна на крштевањето, како еден од столбовите на христијанството.

По тој повод, Општина Делчево на 19 јануари, в понеделник, организира низа настани кои ќе се етаблираат како традиционални и ќе бидат дел од туристичката понуда на Делчево. Во оваа прилика испраќам отворена покана до сите граѓани да присуствуваат и достоинствено да го одбележат овој голем празник.

Изразувам благодарност до општествено одговорните компании ЗЕГИН И ММЦ Прогрес за партнерството, отворената поддршка и збогатувањето на оваа наша убава традиција.

поврзани објави

Последни објави