Транспарентен, отчетен, професионален, квалитетен и ефикасен јавен сектор во служба на граѓаните, ориентиран кон резултати, е целта на Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.
Функциите на високите раководители треба и мора да се достапни за сите заинтересирани кандидати под еднакви услови. Именувањето на висок раководител е предвидено да се врши во транспарентна, фер и конкурентна постапка за селекција со што се гарантира изборот на најуспешниот и најдобриот кандидат.
Со ова се стремиме кон намалување на влијанието при именување на високите раководители. Евидентна е посветеноста и заложбата на оваа Влада на реформите на јавната администрација.










