0.8 C
Skopje
сабота, јануари 24, 2026

Собранието денеска ќе даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – Кои прекршоци први ќе се казнуваат?

Собранието денеска ќе даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – Кои прекршоци први ќе се казнуваат?

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за воведување на системот „Безбеден град“. Со поддршка од двотретинско мнозинство, по претходен договор меѓу Мицкоски и Ахмети, камерите во Скопје, Тетово и Куманово веќе нема само да снимаат, туку ќе почнат и да „удираат“ по џебот на несовесните возачи.

Што треба да знаете пред 1 февруари? Во првата фаза, „окото“ на МВР ќе ги лови следните прекршоци:

Брзо возење (со воведена толеранција како на полициските радари);
Минување на црвено светло на семафор;
Непрописно паркирање низ градските сообраќајници;
Истечена регистрација (неважечка сообраќајна дозвола).
Додека СДСМ и натаму тврдоглаво и тотално неаргументирано остана на ставот дека нема да го поддржи законот поради измислен страв од некаква си злоупотреба на податоците, министерот Тошковски порача: „Девет човечки животи се спасени само во тест-периодот“.

Но ова, нема заначење за Филипчле и пропагандистите околу него…

поврзани објави

Последни објави