1.8 C
Skopje
петок, февруари 6, 2026

Јанушев: Со NDI работиме на дигитализација и поефикасен законодавен процес

За време на престојот во Соединетите Американски Држави, одржав работна средба со претставници на National Democratic Institute (NDI).

Разговаравме за унапредување на демократските процеси, јакнење на институционалните капацитети и можностите за соработка во насока на поефикасно креирање и спроведување јавни политики, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

Дополнително, беа разгледани можности за соработка преку склучување Меморандум за соработка за дигитализација на процесот на доставување на предлозите на закони и други материјали од Владата до Собранието, како и спроведување обуки за вработените од Генералниот секретаријат на Владата и Службата на Собранието, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка и ефикасноста на законодавниот процес.

поврзани објави

Последни објави