Министерката Весна Јаневска за новите промени во образованието: Построги критериуми за избор во звања, повластена позиција за студенти од најдобрите универзитети и нов модел на финансирање
Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, во интервју за Поглед.мк ги истакна најзначајните промени во високото образование кои се дел од новиот закон во академската заедница.
Според неа, новите критериуми за избор во звања на наставниците се построги и појасни, со цел да се обезбеди повисок квалитет на наставниот кадар. Наставниците кои сакаат да се изберат во повисоко академско звање ќе треба да исполнуваат одреден број на утврдени критериуми.
Една од новините во законот е повластената положба на студентите кои се враќаат од студии на странство, особено од универзитети кои се рангирани на светските листи, познати како „Шангајски универзитети“. Овие студенти ќе имаат предност при вработување, со цел да се поттикне повраток на најдобрите и најискусните млади кадри во земјата.
Јаневска исто така посочи дека се воведува нов модел на финансирање на универзитетите. Досега, буџетите се доделуваа историски, без оглед на резултатите. Со новиот систем, универзитетите ќе добиваат средства од државата во зависност од нивниот напредок и остварени резултати. Ова ќе биде дополнителна мотивација за универзитетите да работат на зголемување на квалитетот и конкурентноста.
Министерката за образование и наука нагласи дека сите овие мерки се дел од заложбите за модернизација и унапредување на образовниот систем во земјата.










