Генералниот Секретар на Владата на Македонија г. Игор Јанушев
Денес присуствував на Молитвениот појадок (Prayer Breakfast) настан исполнет со позитивна енергија, инспиративни разговори и вредности што обединуваат. Ова беше одлична можност за средби, размена на мислења и заедничко потсетување на важноста на дијалогот, почитта и духовната поврзаност.
Благодарен сум за поканата и за можноста да бидам дел од ваков значаен настан, каде што се спојуваат различни луѓе со заедничка цел, градење подобро општество преку соработка, разбирање и заеднички вредности.









