8.8 C
Skopje
петок, февруари 20, 2026

Мицкоски: Борба за формална економија, ред и еднакви правила за сите

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За довербата во системот. За тоа дали ќе дозволиме чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат.

Сивата економија не е апстрактен поим. Таа е изгубен приход за државата, но уште поважно – изгубена можност за повисоки плати, подобри болници, модерни училишта, посигурни пензии итн. Таа создава нелојална конкуренција, ја руши довербата во институциите и го демотивира секој којшто работи чесно.

Нашата цел е јасна: формалната економија да стане попривлечна од неформалната. Да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално.

Но, да бидеме искрени – оваа борба не може да биде само инспекциска, таа мора да биде и системска.

Затоа работиме на:

✅ Дигитализација на процесите – е-фактурирање, електронски пријави, поврзување на бази на податоци;

✅ Намалување на административните бариери за регистрација на бизнис;

✅ Стимулации за формално вработување и поддршка за микро и мали претпријатија;

✅ Зголемена транспарентност и размена на податоци меѓу институциите.

Нашата стратегија се темели на три принципи: поедноставување, правичност и поддршка.

Силна држава подразбира ред.
Силна економија подразбира транспарентност.
Праведно општество подразбира еднакви правила за сите.

поврзани објави

Последни објави