Понекогаш тоа што нема коментар, не значи дека некој заборавил да коментира. Едноставно, некои луѓе не заслужуваат да биде коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му – сите може да го видат и слушнат“, вели премиерот Христијан Мицкоски за вчерашниот случај кога новинар ѝ постави прашање на министерката за овразование Весна Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела ѝ преведувач од македонски на албански јазик.
Според премиерот, подобро е да се премолчи отколку да се влезе во, како што вели, таква естрада.
Новинар вчера ѝ рече на министерката за образование: „Ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да земеш преведувач“, а случајот предизвика големо внимание во јавноста.

