Денеска присуствував на промоција на оклопни возила STRYKER во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец.
Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER.

Голема благодарност до војската, до војниците, до старешините, до генералите, до Министерството за одбрана, до министерот, до луѓето коишто се околу него, заменикот, државниот секретар, колегите од Владата и огромна благодарност исто така и до нашите стратешки партнери САД, амбасадата на САД кај нас за сета поддршка и целата логистика којашто ни ја даваат.
Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста практично, ја зголемува мобилноста на самата армија и на тој начни стануваме поконкурентни споредено со другите армии.
Ние како Влада ќе продолжиме и во иднина да инвестираме во нашата македонска Армија.


