7.8 C
Skopje
вторник, март 31, 2026

Охрид добива нов аеродром: стартуваше реконструкцијата, следи туристички бум и рекорден раст на патници

Денеска присуствував на започнување на реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Со оваа реконструкција на охридскиот аеродром се зголемува самиот капацитет, квалитет и се надевам дека во рамките на предвидениот рок тоа ќе биде завршено.

Би сакал да изразам исто така големо задоволство што во првите два месеци од годината на скопскиот аеродром имаме зголемување од 30% на патници, на охридскиот аеродром околу 20% на патници и кога сето ќе се спореди со некои минати времиња очекуваме двоцифрен процент раст оваа година на патници на двата аеродроми и на скопскиот и на охридскиот.

Она коешто исто така сакам да го напомнам е дека разговараме и работиме со голем број туроператори коишто организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје.

поврзани објави

Последни објави