7.8 C
Skopje
вторник, март 31, 2026

Средба Мицкоски–Орбан во Будимпешта: Нови инвестиции и зајакнување на партнерството

Средба Мицкоски–Орбан во Будимпешта: Нови инвестиции и зајакнување на партнерството

Денеска во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која се разговараше за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

На средбата биле разгледани можностите за нови инвестиции, како и конкретни проекти што би донеле директни придобивки за граѓаните. Двајцата премиери ја истакнале важноста од унапредување на билатералните односи и зајакнување на економските врски.

Било нагласено дека Унгарија претставува значаен и докажан партнер, при што заедничките вредности, меѓусебната почит и соработката се основа за натамошно градење на стратешкото партнерство.
Во услови на глобални предизвици, на средбата била истакната и важноста од одржување стабилни меѓудржавни односи и јасна визија за развој, со цел обезбедување напредок и сигурност за граѓаните.

поврзани објави

Последни објави