14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Народнорепубликанската партија во Турција не ги прифаќа резултатите од референдумот во Турција

Лидерот на најголемата опозициска партија Кемал Киличдароглу денеска во изјава за турските медиуми рече дека нема да ја прифати победата на поддржувачите на уставните измени на референдумот кој се одржа во Турција, напоменувајќи дека гласањето ја изнело вистината на виделина.

„Минимум 50 проценти од населението на Турција им кажа „не“ на уставните измени, така што резултатите од тоа гласање не може да бидат варијанта на општествен консензус“, изјави Киличдароглу.

Според Народнореубликанската партија референдумот се одржал во нечесни и нееднакви услови.

поврзани објави

Последни објави