8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Христијан Мицкоски со БЕТОН СТАВ: Нема да отстапиме од црвените линии, ЕУ може да биде заложник, ние не

Премиерот Мицкоски вели дека владата нема да отстапи од црвените линии и дека нема да се поместат ниту милиметар од позициите. Според него Македонија направила максимум на патот кон ЕУ и порача оти нема да дозволи земјава да биде жртва на билатерализација.

Ниту ние ниту било кој нема да се помести од тоа ниту милиметар. Не затоа што имаме било какви причини да правиме наоред или назад, туку едноставно доволно македонските граѓани и македонскиот народ отстапија. Нема да бидеме жртва на билатерализација. на процесот на приклучување на Македонија кон ЕУ. Ние кажавме што можеме да направиме и тоа е максимумот. Ако ЕУ сака да биде заложник на некои земји членки во процесот набилатерализација, во ред, разбираме. Нека не остават да си ги решиме домашните задачи, проблемите дома да си ги решиме. Не сме ние опасност никому.

поврзани објави

Последни објави