-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димитриев оствари средба со Иваниќ

Претседателот на  Владата на Република Македонија Емил Димитриев вчера во Скопје оствари средба со претседавачот на БиХ, Младен Иваниќ.

Соговорниците ги поздравија билатералните односи кои се карактеризираат со континуиран дијалог на највисоко ниво меѓусебно почитување и пријателство.

На средбата е изразена заложба за унапредување на економската соработка, како и за можноста за воспоставување авионска линија помеѓу Скопје и Сараево за што во следниот период ќе продолжат дискусиите на ниво на министерства.

поврзани објави

Последни објави