Деновиве, Вин Дизел заедно со филмската екипа активно го промовира вториот дел од „Guardians of the Galaxy“. 49-годишниот актер имаше слатка придружба на премиерата која се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес.
Холивудската ѕвезда зачекори на виолетовиот тепих заедно со своите две деца. 9-годишната Ханиа и 7-годишниот Винсент гордо позираа прегрнати со својот татко.