Северна Кореја повторно се подготвува за нуклеарна проба, соопшти Американскокорејскиот институт во Вашингтон.
Повикувајќи се на сателитски снимки од средата, експертите се уверени дека „по сè изгледа Северна Кореја се подготвува за тестирање на нуклеарното оружје“.
Шестата севернокорејска нуклеарна проба може да биде извршена на полигонот „Пунгри“ откако ќе биде дадена наредба од Пјонгјанг.