2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

50. годишниот Македонец, Владимир Димовски, истрча неверојатни 42 километри на Виенскиот градски маратон

Виенскиот градски маратон (Vienna City Marathon) е едно од најголемите спортски случувања во Австрија во поглед на активно учество. Се одржува секоја година од 1984. Овој спортски настан привлекува повеќе од 42,000 тркачи од 130 земји. Оваа година се одржа на 23. Април 2017.

Македонецот Владимир Димовски (50) е еден од учесниците на Виенскиот градски маратон кој истрча неверојатни 42 километри.

  • Започна повторно сериозно да спортува пред 4 години, (рекреативно со тенис, пешачење и трчање)
  • Во 2014 истрча 5км на Скопскиот Маратон
  • Во 2015 истрча 21км на ноќната трка во Градскиот парк во Скопје (City Park Night 21).
  • Во 2016 истрча за првпат 42км на Скопскиот маратон со време 5 часа и 12мин

На 23. Април 2017 го истрча Виенскиот маратон за 4 часа и 42мин (подобрувајќи го своето време за 30мин)

Со подобрување на кондицијата и здравјето реши да продолжи редовно да трча, да вежба редовно и да проба да се спреми за подолг маратон. По успешно истрчаниот полумаратон на 21км реши да се спрема и за целосен маратон.

Желбата за трчање на маратонот во Виена се јави по успешно истрчаниот маратон во Скопје и со желба да се искуси и испроба меѓународен маратон. Точно Виена ја одбра бидејќи станува збор за голем маратон, со голем број на учесници, одлична организација и секако можноста да се види главниот град на Австрија. Со него на маратонот од Македонија допатува голема група на пријатели, кои го бодреа за време на маратонот.

За во иднина вели дека сака да истрча уште неколку меѓународни маратони во други европски градови, и секако планира повторно да трча на Скопскиот Маратон. Вели дека годините не се пречка доколку се тренира редовно  и по враќањето во Скопје продолжува со секојдневни тренинзи.

поврзани објави

Последни објави