Памела Андерсон докажа дека годините се само бројка, откако сними еротска фотосесија во долна облека. 49-годишната ѕвезда од “Спасувачи на плажата” демонстрира стегната фигурата на кадрите снимени од Rankin за новата колекција на брендот Coco De Mer.
На црно-белите кадри таа позира со секси модели, кои ги потенцираат нејзините облини.
„Памела е совршената „икона“ за нашата линија Icons и фотографиите снимени од Rankin, го доловуваат токму тоа“, рекоа од брендот.
„Дизајнерите на Coco De Mer создале таква заводлива колекција која ја изразува елеганцијата и разиграноста што ги очекувате од брендот“, изјави Памела.