25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Министерот Нухиу одржа средба со претставници на Европската федерација на новинари

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска имаше средба со претставници на Европската федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печат и медиуми и со претседателот на Здружение на новинари на Македонија Насер Селмани, соопшти МВР.

„На средбата со претставниците на Европската федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печат и медиуми ветивме дека вратите на Министерството за внатрешни работи ќе бидат отворени за претставниците на медиумите кои се залагаат за објективно и професионално новинарство. Сугестиите за поголема безбедност на вработените во медиумите и почитувањето на професионалното новинарство секако дека ќе имаат влијание врз повторно разгледување на мерките и активностите на МВР за почитување на оваа демократска вредност“, истакнал министерот Нухиу.

поврзани објави

     

Последни објави