7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

МБП: Го осудуваме физичкиот напад врз пратениците и повикуваме на смиреност

Здржението за „Македонско-Бугарско пријателство“ најостро го осудува физичкиот напад извршен синоќа врз македонските пратеници за време на насилниот упад во македонскиот парламент. Ние како организација, што се залага за решавање на сите проблеми и недоразбирања на мирен и цивилизиран начин, сме ужаснати од синоќешниот грозен напад врз пратениците и институцијата, што треба да претставува основнен стожер на македонската државност.

Би сакале да дознаеме дали некој ќе сноси одговорност за задоцнетата реакција на македонската полиција?

Нашето Здружение се приклучува на повиците за смиреност и мирно решавање на проблемите, бидејќи во моментов не ни се потребни запалените чкорчиња на етничката нетрпеливост, нешто со кое одредени кругови во државата си играт најнеодговорно.

Ние од МБП прашуваме, како Македонија ќе го продолжи својот пат на интеграција во ЕУ и НАТО, кога се случуваат вакви немили настани, кои по својата бруталност наликуваат на обид за преврат во земја од третиот свет?!

Ние одбиваме да прифатиме, дека Македонија е земја во која, толпата може без никакви последици да ја тероризира индивидуата. Нашите заложби се јасни, Македонија треба да се научи да биде демократска земја и без никакво колебање да го продолжи својот евро-атлантски пат. Одговорноста за тоа ја сносат политичарите, од двете страни на барикадата.

МБП им пожелува брзо закрепнување на сите повредени лица во синоќешниот настан.

поврзани објави

Последни објави