-0.2 C
Skopje
петок, ноември 14, 2025

Рама: Постои план за дестабилизација на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека постои план за дестабилизација на земјата и оти тој поради тие причини побарал од кандидатот на неговата партија да се повлече од делумните избори во Каваја.

„Некои луѓе 7 мај го гледаат како ден кога државата треба да покаже како се спроведува законот. Други, пак, се плашат од последиците од конфликт со кој се посакува да се предизвика дестаблизација на Албанија. Постои план за дестабилизација на земјава. И шаторот е поставен токму од тие причини“, изјави Рама, директно обвинувјќи ја опозицијата за тоа.

Според Рама, и со и без опозицијата, избори ќе има на 18 јуни.

 

поврзани објави

Последни објави