Меглена Кунева многу погреши, најмногу со тоа што прифати голем број функции. Ова го изјави водителот Слави Трифонов на денешниот протест пред бугарскиот парламент. Трет ден тој и неговите колеги се на плоштадот пред парламентот во знак на поддршка за референдумот што беше организиран од самиот Трифонов.
“Ние ја поддржавме Кунева за претседател, кога на изборите победи Плевнелиев. Тогаш ни се чинеше дека таа е спротивност на она што се случува во државата“, потсети водителот. “Потоа таа ја својата партија Движење Бугарија на Граѓаните и се вклучи во Реформаторскиот блок”, додаде тој. Според него во оној период во “Шоуто на Слави” гостувале лидерите на десничарската коалиција – Радан Канев (ДСБ), Кунева (ДБГ), Божидар Лукарски (УДФ) и Корман Исмаилов (НСПД). “Дојдоа и кажаа еден куп лаги. Ветија дека во никој случај нема да направат коалиција со Бојко Борисов. Направија коалиција со Борисов само 2 месеци подоцна”, рече Трифонов.Познатиот бугарски водител изјави дека лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов успеал да ги „претопи“ сите партии десно од центарот и да ги извади од игра. Трифонов индиректно го предупреди и Валери Симеонов, да внимава со Бојко Борисов. Според Трифонов за да можат „Бугарите со високо образование од странски универзитети да се мотивираат да застанат начело на државата, треба да се створат услови. Ова се обидуваме да направиме “, коментира Трифонов Според него главен дефицит кај Бугарите е дефицитот на праведност. Според него неправдата станала нешто нормално во секојдневниот живот на луѓето. “Треба да се направи се што е можно за да стане правдата наш сограѓанин. Ова е многу важно. Главниот проблем е во судството “, истакна познатиот телевизиски водител.