Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети на Емануел Макрон му го честита изборот за претседател на Франција.
„Поздравувајќи го вашиот избор за претседател на Франција, дозволете ми во мое име и во име на сите при Демократската Унија за Интеграција, да ги изразам нашите искрени честитки за вас и францискиот народ за јасниот избор на европските вредности“, вели Ахмети во честитката.
Евро-атланската интеграција, додава претседателот на ДУИ, останува единствена алтернатива за Македонија и целосно сум убеден дека ќе придонесете за зајакнување на европската перспектива за сите земји од Западен Балкан.