„СДС продолжува да работи спротивно од волјата на народот.
Спротивно од волјата на народот, Уставот, законите и Деловникот СДС се обиде нелегално да избере претседател на Собрание на Република Македонија.
Нелегалниот претседател на Собранието уште првиот работен ден во неговиот кабинет постави албанско знаме и кабинетот го претвори во штаб на неговата партија.
Нелегалниот претседател на Собранието најави дека седниците ќе ги води на албански јазик, со тоа што Собранието на Република Македонија ќе стане трет парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик.
Сето ова е надвор од Охридскиот Рамковен договор каде што јасно се наведува дека пратениците можат да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20% од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција на претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен и официјален јазик е македонски.
Молкот на СДС е доказ дека започнува реализацијата на неуставната Тиранска Платформа. Оваа платформа започна да се реализира иако народот е против нејзе.
Ова ли беше дел од големата програма на СДС?
За ова ли гласаа членовите и симпатизерите на СДС?
Време е аболицираниот криминалец Зоран Заев да се освести.
Време е да запре со теророт што го врши СДС врз македонскиот народ.
Народот е на нозе!
Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.