За денот на вљубените, 12. февруари е најавено продолжение на светската примера на мегахитот Fifty Shades of Grey, односно продолжението Fifty Shades Darker.
Продуцентите со трејлер максимално ја загреваат атмосферата кај фановите кои со нетрпение го очекуваат продолжението од филмот, кој направи вистински „бум“ минатата година.
Од двеминутниот трејлер може да се забележи како Кристијан се обидува да ја врати Ана во својот живот, таа се согласува, но под услов тој да исполни неколку нејзини барања.
Меѓу нив ќе се испречи минатото на Кристијан, како и шефот на Ана.